Хортикултурно уредување на нашата градина со разни садници и цвеќиња беше изведено од учениците од одделенска настава со нивните одделенски раководители. Учениците вложија труд и напор нивните цвеќиња да бидат правилно засадени, а веруваме дека и понатаму ќе се грижат за истите.
Благодарност и до хаусмајсторот Дејан Калиновски кој се вклучи во активноста со уредување на ботаничката градина и демонстрација за дел од учениците.



