Одбележување на денот на ПИ

Наставниците по математика од нашето училиште денес реализираа активности по повод Денот на ПИ со позитивна мисла и желби за среќата, успехот и пријателствата да траат бесконечно. Учениците од осмо одделение формираа круг чиј дијаметар го измерија и потоа ја пресметаа неговата плоштина и периметар, додека пак ученици од седмо одделение поделија моливи на вработените со пораки поврзани со значењето на бројот ПИ.