Обука за подготовка на сценарија за реализирање часови по медиумска писменост за второ и петто одделение

Околу сто наставници работеа на подготовка на сценарија за реализирање часови по медиумска писменост за второ и петто одделение во рамки на обуката за наставници-обучувачи за медиумска писменост што се одржа на 18 и 19 август.
 
Целта на обуката беше наставниците да се подготват за пренесување вештини и знаење поврзани со теми од медиумската писменост што се вклучени во наставната програма за 2 и 5 одделение. Во наредниот период, ќе се одржат обуки за наставниците од основните училишта во целата држава кои предаваат во 2 и 5 одделение со цел да се запознаат со концептот и методите на пренесување на содржините поврзани со медиумската писменост во рамки на часовите.
 
Горди сме на нашите наставници-обучувачи д-р Снежана Петреска и Мирослав Митиќ и им посакуваме успешна соработка со колегите.
 
Media Literacy Project YouThink USAID North Macedonia #YouThink #МедиумскаПисменост #MediaLiteracy #МедиумскаПисменост