Денешниот ден ( 01.10.2020г.)е нов почеток за многу насмеани детски лица кои со бројни емоции денес за првпат се запознаа со новата околина која ќе биде нивно секојдневно место за стекнување на нови знаења, пријателства и многу активности кои ќе допринесат за нивниот натамошен развој.
Со почитување на сите пропишани протоколи, Директорката на нашето училиште, Татјана Цветковска, и наставничките Снежана Петреска, Маја Димковска и Васка Тошеска Момироска, ги пречекаа нашите мили првачиња, и им посакаа среќен почеток.
Градоначалникот Велимир Смилевски го посети нашето училиште и на сите ученици им посака успех во новата учебна година . Тој исто така, имаше можност да види како се одвива настава со физичко присуство и да присуствува на првиот училишен час.
Им посакуваме успешен почеток на сите ученици во нашето училиште !



