„Светски ден без автомобили“

Денешната дата, 22ри септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента , исто така е важна затоа што се одбележува и „Светскиот ден без автомобили“.
По тој повод дел од учениците, родителите и наставниците од нашето училиште, а воедно и останатите училишта во Општина Бутел денес беа дел од активноста по повод одбележување на овој ден во организација на Општина Бутел поддржана од градоначалникот Велимир Смилевски.