Доделување на сертификати за „Едуино“ и „ТВ училница“

Нашето училиште е средина која секогаш зрачи со позитивна енергија, насмеани лица, креативни наставници и вредни ученици. По тој повод на  ден, 17ти септември , градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, им додели сертификати и пригодни подароци на наставниците од нашето училиште : Оливера Божиновска, Весна Ивановска, Александра Бадаревска, Ружица Кикерекова, Маја Дрндаревска и Ивана Јакимовска, за успешната работа, посветеност и реализација на наставни содржини преку снимање на видео часови на националната платформа за учење од далечина „ Едуино“, и реализација на наставни часови во живо во рамките на телевизиската образовна емисија „ ТВ училница“. Голема благодарност и до Директорот на нашето училиште, Златко Тапчановски, кој секогаш ги поддржува добрите идеи на наставниците. Честитки!