УПИС НА ПРВАЧИЊА 2020/2021

ПРВАЧИЊА !!!

Ве очекуваме да ни се придружите во нашето училиште !
Со насмеани наставници , шарени училници , паметни табли , големи игралишта и многу други убави изненадувања !
Заедно да се забавуваме , учиме и другаруваме !
Колку повеќе толку позабавно !!!
Ве чекаме !!!


Почитувани родители,
Ве известуваме дека уписот на првачиња за учебната 2020 / 2021 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба пандемијата од вирусот COVID – 19.
Уписот на првачиња ќе се изведе на следниов начин :
Сите заинтересирани родители можат да ја симнат апликацијата за упис на прваче на следниов линк:

и истата да ја пополнат и испратат на училишниот е-mail: ohridskikliment_butel@yahoo.com
Потребни документи за упис :

1 . Извод од матична книга на родени.

2 . Потврда за примени вакцини од надлежна институција.

3 . Потврда за извршен стоматолошки преглед од надлежна институција.


Сите документи ќе можете да ги доставите во педагошко псилошката служба откако ќе бидете повикани од наша страна.
Да бидеме силни и самодисциплинирани, да направиме социјална дистанца, да го заштитиме сопственото и здравјето на останатите !

ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ООУ ”СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”