Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.
Денес е предизвикот бр. 9
Драги ученици, сконцентрирајте се, погледнете ја првата слика од глаеријата и обидете се да си одговорите на прашањето
На сликата гледате фигури или луѓе завртени еден кон друг?
Погледнете ја убаво и втората слика и обидете се да си одговорите на прашањето
На сликата гледате голем був или девојка?
Сигурно секој ќе даде различен одговор. Ни се присторува дека гледаме нешто што не е така во реалноста, или гледаме ист предмет на два потполно различни начини. Оваа измама која ни ја приредуваат очите се вика оптичка илузија.
Предизвикот за денес ќе биде Вие драги ученици сами да фотографирате или да нацртате своја оптичка илузија.
Погледнете во галeријата со слики каде ќе може да најдете неколку идеи како сами да фотографирате оптичка илузија
Но, дали знаете дека можете сами да нацтрате оптичка илузија. Како се црта оптичка илузија можете да погледнете на следниве линкови
https://www.youtube.com/watch?v=ZW0evffIxEM
https://www.youtube.com/watch?v=s2LrmAThAhk
https://www.youtube.com/watch?v=naMb5b4_QaY
Погледнeте ги идеите што Ви ги дадовме за овој интересен предизвик. Сами одлучете што ќе ви биде поинтересно дали ќе фотографирате или ќе цртате оптичка илузија.
Откако ќе завршите со креирање на својата оптичка илузија, фотографирајте и фотографијата испратетe ни ја на facebook профилот на училиштето ООУ” Св Климент Охридски” –Бутел во messenger,а ние ќе одбереме најинтересна оптичка илузија.
СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!!!!!








