Успешно спроведена Еко – акција во училиштето

Нашето училиште се приклучи на големата еко-акција организирана од Град Скопје и општина Бутел, на која учениците од предметна настава со наставниците го расчистија училишниот двор.

Преку оваа акција учениците се стекнуваат со навика за грижа и поголема одговорност кон околината и средината во која се движат или престојуваат. 🌿🗑️♻️