Соопштение за упис на првачиња во учебната 2021/2022 година

ООУ “Свети Климент Охридски” – Бутел, Скопје врши упис на првачињата за учебната 2021/2022 година

Прваче може да биде:

Секој кој е роден 2015 гoдина и до крајот на 2021 година ќе наполни 6 години
Уписот ќе се реализира од 01.05 2021 до 31.05.2021 година со електронско пријавување (on – line) на следниот линк

ЗАПИШУВАЊЕ НА ДЕТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

Ова пријавување ќе биде достапно од 1.05.2021

На сајтот uslugi.gov.mk треба да се најавите со вашето корисничко име (email) и лозинка од УЈП
Сите родители кои се во можност се препорачува да се пријават преку сајтот ,а за родителите/старателите кои немаат услови за електронско (on – line) пријавување, ќе се овозможи лично пополнување на пријавите и потребните документи во самото училиште секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот, согласно новонастанатата состојба поради светската пандемија од COVID-19 и вонредната состојба на целата територија на РС Македонија.
По доставената пријава родителот, односно старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување на ученици во прво одделеление. Пред да се изврши опсервација, родителот односно старателот е должен да ја достави потребната документација за детето, според барањата во јавното соопштение, а во согласност со Законот за основно образование.
За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 јуни 2021 година.
Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.

За да закажете ТЕРМИН за упис треба да ја пополните следната

ПРИЈАВА

Потребни документи за упис

– Извод од матична книга на родените (фотокопија);

– Лична карта од родителот/старателот – на увид;

– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;

– Потврда за офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа

-Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе напопни шест години

– Детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето

Со почит,
Комисија за запишување на ученици во прво одделение