На 30.9.2026 година нашето училиште беше домаќин на работилница во организација на Фондација „Д-р Верица Механџиска“ и здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“.

На работилницата присуствуваа наставници, образовни асистенти и родители од нашето училиште, како и наставници од ООУ „Ацо Шопов“ и ООУ „Гоце Делчев“.

Целта на работилницата е родителите да добијат практични информации и поддршка во однос на остварувањето на правата и достапните услуги, како и да се запознаат со можностите за примена на асистивната технологија и алтернативната и аугментативната комуникација како поддршка за децата дома и во образовниот процес.



