Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.
Денес е предизвикот бр 8
Денес драги ученици ќе имате многу интересен предизвик.
Ајде прво да ја погледнете сказната” Биби и животните” на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=H6u4szASiCk
Се надеваме дека Ви се допадна оваа прекрасна сказна. Во оваа сказна се зборува за Биби и нејзините пријатели, животните кои живееле во шумата.
Предизвикот за денес ќе биде да нацртате едно животно од шумата што и било пријател на Биби. Бидејќи на многу ученици им е тешко да цртаат животни, ние ќе Ви покажеме како на многу лесен начин може да нацртате животни, чекор по чекор (постапките за цртање погледнете ги во галеријата со слики).
На следниве линкови може да погледнете како се цртаат животни чекор по чекор
https://www.youtube.com/watch?v=7SWvlUd2at8
https://www.youtube.com/watch?v=P2fjzUAsZ7c
https://www.youtube.com/watch?v=XSu24eKHShE
Откако ќе одберете кое животно да го нацртате на овој лесен начин, нацртајте го животното, обојте го и фотографирајте ја својата изработка. Фотографијата испратете ни ја на facebook профилот на училиштето ООУ “Св Климент Охридски” – Бутел во messenger.
СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!







