Одбележан 5ти октомври – Светски ден на наставниците

По повод Денот на учителот, нашите ученици преку творби, пораки и искрена детска мисла му оддадоа почит на наставникот – оној кој не само што пренесува знаење, туку и поттикнува, охрабрува и инспирира.

Со љубов и креативност тие пишуваа песни и пораки, изработија хамер, честитки и прекрасни цветови од оригами, претворајќи ги своите чувства во искрени знаци на благодарност.
Творечките активности беа реализирани со поддршка на наставниците по македонски и англиски јазик.

✨ „Добриот наставник не само што предава – тој инспирира, охрабрува и остава трага што времето не може да ја избрише.“ ✨Нека ни е честит Денот на учителот!!!