На 19.11.2025 година се одржа обука на тема „Побезбеден интернет“ за ученици од седмо и осмо одделение, како и за колективот наставници, стручни соработници и образовни асистенти.
На обуката беше презентирано како да се препознаат знаци на измама во онлајн просторот, на кој начин да се заштитиме додека користиме интернет содржини и каде да пријавиме злоупотреба или навредлива содржина.
Обуката ја одржа претставник од Министерството за дигитална трансформација.



