Паралелно со уредувањето и обновата на внатрешниот ентериер на училиштето, се работи и на уредување на хортикултурата во склоп на училипната градина. Деновиве беа поткастрени дрва, отстранети грмушки и зарасната трева во внатрешната градина на училиштето, со што се овозможува побезбедно движење на учениците и вработените, како и поголем продор на дневна светлина во ходниците.


