Учество на Ѕвон

Учениците од нашето училиште денес гостуваа на Ѕвон – Контактно Училишна Програма која се емитуваше на Македонската Радио Телевизија.
Во придружба на одделенски и предметни наставници, учениците го претставија училиштето со разновидни активности. Темата со која се претставивме беше „Пролет“, а учениците ги покажаа своите вештини со комуникациски дијалог, цитати за пролетта, ритмичко виножито, отсвирена композиција на кларинет и виолина, како и изведба на народната песна „Нашето село“.