Учество на Ѕвон – Контактно училишна програма

Учениците од нашето училиште денес гостуваа на Ѕвон – Контактно Училишна Програма која се емитуваше на Македонската Радио Телевизија.

Во придружба на одделенски и предметни наставници, учениците го претставија училиштето со мозаик од активности, работилници, музички изведби, хумористична драматизација, експеримент со хемиски реакции, како и активност со кодирање и откривање на емоции преку алгоритми, предводена од наставникот – амбасадор за роботика, Мирослав Митиќ.

Учениците одлично го претставија училиштето, а со вас споделуваме фотографии за да ви ја доловиме одличната атмосфера од емисијата!