Учество на „Пожарко 2025“

Ученици од VIII и IX одделение учествуваа на овогодинешниот противпожарен крос „Пожарко 2025“, придружени од наставниците Виолета Николова и Изабела Апостолоска.

Учениците се натпреваруваа во машка и женска конкуренција, а своите способности и брзина беа покажани на дело од страна на ученичката Александра Најдовска од VIII А одделение со освоено ВТОРО место и Дафина Димишковска од IX Б одделение со освоено ТРЕТО место во женска конкуренција.

Честитки до сите учесници и ментори!