На 22.11.2025 година се одржа натпревар „Ноември – Месец на наука“ одржан на Природно-математичкиот факултет. Во конкуренција од над 250 учесници, нашите ученици од предметна и одделенска настава се покажаа во одлично светло со своето знаење, презентирано низ проекти и презентации по предметите биологија и природни науки.
Резултатите говорат за себе, а нашите ученици се враќаат со своите дипломи за освоено второ и трето место. Честитки до нив, како и до нивниот ментор, предметниот наставник Љупка А. Таневска!
За предметот биологија, резултатите се следни:
1. Никита Димитријов VII одд. – II награда
2. Матеј Савовски VIII одд – II награда
3. Ева Илиевска – IX одд. – III награда
4. Сабина Шаќировиќ – IX одд. – III награда
5. Мелани Петрова – IX одд. – III награда
6. Јована Јакимовска – IX одд. – III награда
За предметот природни науки, резултатите се следни:
1. Максим Пешевски V одд. – II награда
2. Теон Стефков V одд. – II награда
3. Јаков Илиевски V одд. – III награда
4. Ивона Најдоска V одд. – III награда
5. Дамјан Динковски V одд. – III награда
6. Марко Петров V одд. – III награда



