Учество на меѓународен педагошки форум „Образовни политики и практики за просперитет и одржливост“

XXIV МЕЃУНАРОДЕН ПЕДАГОШКИ ФОРУМ „Образовни политики и практики за просперитет и одржливост“ во организација на Универзитетот во Тракија, Стара Загора од 27.6. до 30.6.2024 во Албена, Р. Бугарија, отсек Педагошки факултет за информации и тренинг сервис за наставници, организираа конференција на која учествуваа претставници на образованието од САД, Австрија, Р.Србија и Р.Македонија.

Нашиот наставник амбасадор Мирослав Митиќ, нашите и ваши Пријатели на Образованието, NGO Friends of Education https://www.friends-of-education.org/en/ поддржани од Yahya Kemal College https://www.ykc.edu.mk/ одржаа обуки за наставници на тема „Придобивки и предизвици од вештачката интелигенција во наставата“

Oвие технологии отвораат многу врати за иновација и подобрување на учењето. Виртуелната реалност овозможува на учениците да ги истражуваат тродимензионалните простори и да се најдат во ситуации кои никогаш не би можеле да ги искусат во реалниот свет. Ова создава динамично и забавно учење, каде што учениците можат да го видат и да го истражуваат материјалот што го учат.