Учество на карневал „Љубански Карневал Прочка“

На традиционалното одржување на карневалот „Љубански Карневал Прочка“, нашето училиште беше претставено со тематска маска презентирана од ученици од одделенска настава во придружба на одделенски наставници и наставниците од дневен престој, при што го освоивме првото место.

На нашето училиште беше врачена благодарница за особен придонес кон организацијата на карневалот.