На 18.3.2024 година учениците од IX В одделение како претставници на нашето училиште под менторство на наставничката по иновации Соња Шетловска се придружија на „Европскиот квиз за пари“ кој е најголемиот натпревар за финансиска писменост и привлекува речиси половина милион учесници.
Европскиот квиз за пари е една од многуте активности организирана во 30+земји за време на Европската недела на пари, како иницијатива за промовирање на финансиската едукација организирана од страна на Македонската банкарска асоцијација во координација од Европската банкарска федерација од Брисел.
Учениците преку овој едукативен проект ги зајакнаа нивните финансиски вештини, ја зголемија нивната финансиска писменост и ја подигнаа свеста за придобивките од финансиската едукација.



