Учество на државен натпревар по пливање

На 13.9.2024 година во организација на Федерацијата на училишен спорт и Пливачкиот сојуз на Македонија се одржа државниот натпревар по пливање во салата Борис Трајковски.
На натпреварот учествуваа двајца наши ученици, Стефан Велковски од VIII А и Калина Велковска од VI Б одделение. Тие ги подобрија своите лични рекорди, а беа во придружба на наставничката по ФЗО, Изабела Апостолоска.