Учество на Дабар 2023

Оваа недела се одржува интернационалниот натпревар по информатика Дабар 2023 чија што цел е промовирање на информатиката и нејзините сродни науки. Учениците решаваат интересни логички задачи кои го поттикнуваат нивното размислување. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот.

70 момчиња и 50 девојчиња од V, VI и VII одделение под менторство на наставничките по информатика и техничко образование Нина Стојановиќ и Оливера Костадинова учествуваа на овој натпревар. 💻💡