Почитувани родители,
Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2025/26 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу или преку скенирање на QR кодот на оваа објава.
Останати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се:
– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од ЈЗУ Здравствен дом;
– Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
– Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
– Извод на родените на детето (копија);
– Пријава за упис во учебната 2025/2026 год. (формуларот можете да го најдете на следниот линк:
– Лична карта од родител на увид;
– Оние кои имаат потреба од продолжен престој – потврди од работа (од двајцата родители).



