Упис на првачиња за учебната 2023/24та година

Почитувани родители,

Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2023/24 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето.

Линк до апликацијата

Останати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се:
Извод од матична книга на родени;
Потврда за примени вакцини;
Потврда од очен преглед;
Потврда од стоматолошки преглед;
Лична карта од родител.

За децата со попреченост, родителот приложува функционална процена од стручната комисија за процена на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка сопоред МКФ.