Во организација на Општина Бутел и здружението МЕН ЕНД МАУНТЕН, и оваа година се спроведе еколошка акција во нашето училиште „Генералка викенд“, во која што ученици од одделенска и предметна настава активно учествуваа во собирање на стара хартија и неупотреблива пластика од внатрешните простории и дворот на училиштето.
На учениците им беше доставена соодветна опрема за безбедно собирање на отпадот. Собраните материјали ќе бидат доставени за нивно соодветно рециклирање.
Видео од оваа еколошка акција.




