Во пресрет на 5ти октомври, светскиот ден на учителите, во нашето училиште се одржа свеченост со повеќе активности, каде што обраќање имаа директорката на училиштето, д-р Снежана Петреска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. На свеченоста беа поканети и присуствуваа претставници од општината, како и неколку наставници кои работеле во училиштето, а сега се веќе во пензија.




