На 27.3.2025 година се одржа настан на кој ја одбележуваме солидарноста како доблест и патоказ за посветла иднина. На настанот беа доделени благодарници на г-дин Љупчо Петковски, основач на фондацијата ИКРАУД за донацијата во нашето училиште, со која станавме подостапни и поинклузивни.
Со оваа донација се реконструираше тоалет за лица со мобилна попреченост, со која значително се олеснува пристапноста и функционирањето на сите наши ученици во рамките на училиштето.
Настанот беше одбележан со неколку изведби подготвени од нашите ученици и нивните наставници.



