На регионалниот натпревар по математика, одржан на 15.3.2025 година учествуваа ученици од одделенска и предметна настава од нашето училиште. Ученичката Матеа Алампиоска од VII одделение, под менторство на наставникот Владимир Костовски постигна особен успех со освоено второ место и пласман на државниот натпревар. Честитки до сите ученици за вложениот труд и за нивните ментори.


