Резултати од државниот натпревар по биологија

На 31.5.2025 година се одржа државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-математички факултет. Учествуваа ученици од VII и VIII одделение под менторство на предметниот наставник Љупка Ангеловска Таневска.

Ученичката Ангела Јованчова од VIII одделение ја освои високата втора награда, додека пак останатите ученици се здобија со пофалници и сертификати за учество. Искажуваме честитки за постигнатиот успех до учениците и нивниот ментор!