Реализиран училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2024“

На 5.3.2024 година по втор пат се одржа училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2024“ во организација на општина Бутел а под покровителство на Градоначалникот Дарко Костовски.

Учествуваа ученици од осмо и деветто одделение, кои ги мереа своите знаења за материјал по разни наставни предмети. Координатор на квизот беше наставничката Катерина Николовска, а беа присутни и претставници од општината.

Учениците Матео Слезенковски, Давид Димитров, Теодора Георгиевска и Огнен Деспотовиќ освоија најголем број на поени и ќе го претставуваат нашето училиште на општинскиот квиз следната недела.