Успешно реализирана наставно – научна екскурзија на учениците од III одделение.
Екскурзијата се реализираше во Кавадарци – градот на грозјето и виното.
Посета на винарија Тиквеш, посета на локалитетите: Дванаесет Младенци, набљудување на текот на реката ,,Луда Мара”, Спомен Костурница на жртвите од Втората Светска Војна.
Посета на местото ,,Мокриште” – пауза за ручек и рекреација.
Посета на Градскиот парк во Кавадарци и црквата Св. Петка.
Учениците се запознаа со природните убавини, културурно – историските споменици кои сведочат за нашето минато. Збогатувајќи ги своите знаења и со позитивни импресии се реализираше уште една екскурзија во нашето училиште.



