Во периодот од 27.5 до 31.5.2024 година беше реализирана настава во природа за учениците од петто одделение. Беа посетени неколку градови и локации, при што учениците имаа можност да се запознаат со градбите, антички локалитети и музеи.
Утринските часови беа предвидени за физичка рекреација, а учениците не ги запоставија и останатите предмети како математика и македонски јазик. Учениците беа во придружба на одделенските наставници Радмила Искова и Ивана Јакимовска.



