Реализирана еднодневна есенска екскурзија

На 19.10.2023 година се реализираше еднодневна училишна екскурзија за ученици од прво до деветто одделение на локација „Марков Манастир“. Покрај дружбата и свежиот воздух, учениците имаа можност и да го посетат и етно-музејот со разновидни експонати од богатата македонска историја изложени од сестринството на самиот манастир.