Успешна реализација на предновогодишниот базар организиран од Советот на родители во координација со класните раководители на паралелките. Задоволни и насмеани лица на учениците, голем број на родители и други гости придонесоа за убава и раздвижена атмосфера во училиштето.
Средствата собрани од овој хепенинг ќе бидат употребени за потребите на паралелките.




