Почитувани ученици, родители и наставници
Со цел за подобро организирање во задавањето на задачите и обврските од страна на наставниците и извршувањето на зададените обврски од страна на учениците, во продолжение ќе ги објавиме распоредите на часови на ниво на секое одделение. Наставниците ќе ви ги испраќаат насоките за учење и за изработка на вашите домашни задачи, а од вас ќе очекуваме според овие распореди, соодветно за секое одделение да бидат испраќани изработките од страна на учениците, кон нивните соодветни наставници по секој предмет.
Далечинското учење од дома, наложува нашите ученици и Вие како родители (на ученици од најмала возраст), да испраќате мејлови од зададените реализирани домашни задачи, од страна на нашите наставници. За таа цел, Ве замолуваме сите, во прилог на испратените задачи, задолжително да наведете целосно име и презиме на ученикот на кој што се однесува испратената задача, со цел наставникот да има јасен увид за кој ученик се работи, а со тоа да им овозможиме на наставниците нормален тек на нивната работа. Имајте во предвид дека, доколку не ви биде одговорено на вашиот е-маил, тоа значи дека се е во ред со вашата домашна задача. За сите прашања што се однесуваат за домашните работни задачи или материјалот што се изучува, ве молиме да ги контактирате наставниците преку нивните е-маил адреси кои може да ги најдете на следниов линк: https://oousvklimentohridski.edu.mk/?page_id=2654
Ви Благодариме на разбирањето
Со почит,
ООУ Свети Климент Охридски – Бутел











