Нашето училиште се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол, по тој повод денес се одржаа работилници во неколку одделенија од шесто до деветто, со цел да се подигне свеста за врсничкото насилство, да се едуцираат учениците за емпатија, прифаќање на различно размислување и унапредување на другарувањето и соработката меѓу нив.
Овие работилници ќе бидат спроведени од страна на стручната служба и во одделенијата кои не беа дел од денешните презентации.




