Работилница тема „Значењето на логопедскиот третман и формирање на говорот кај децата од училишна возраст“

Во организација на директорката, педагогот и психологот на училиштето на 14.11.2022 година се одржа предавање и работилница на тема „Значењето на логопедскиот третман и формирање на говорот кај децата од училишна возраст“.

Предавањето го одржа д-р Ристе Јаневски, дипломиран клинички логопед, вработен во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, а истото беше наменето за родители на ученици од прво, второ и трето одделение. Истото предавање набрзо ќе биде одржано и во ПОУ „Свети Климент Охридски“ – Визбегово.

На средбата се разви и одлична дискусија помеѓу родителите и логопедот преку прашања, а беа искажани и некои нивни интереси и мислења.