Работилница „Меѓусебно поддржување и соработка“ во VI В одделение

На 29.11.2023 година се одржа работилница „Меѓусебно поддржување и соработка“ во VI В одделение. Цели на работилницата беа учениците да знаат дека релациите се менуваат, да научат за постигнувања на луѓето со тимска работа, да умеат да препознаат кога на другите им е потребна поддршка и помош. Работилницата ја спроведе училишниот педагог Поликсена Илиоска.