Работилница за меѓуврсничко насилство

Денес со учениците од III Б одделение се одржа работилница на тема „Меѓуврсничко насилство“ под менторството на одд. наставник Даниела Салтирова Кочијева во соработка со родител – Ивана Рајчиќ Бошковска, а на истата присуствуваа директорката др. Снежана Петреска и психологот Ивана Кметовска. Учениците се запознаа со поимот насилство, последиците од насилството и мерки кои се превземаат.

Учениците со голем интерес ја следеа работилницата. Благодарност до родителката за одвоеното време и успешната реализација на работилницата.