На 8.6.2023 година полуматурантите од нашето училиште имаа прослава во ресторан „Аликас“.
Жива музика, весело и позитивно расположение кај учениците, наставниците и стручната служба кои присуствуваа придонесоа за одлична забава и воедно убаво помината вечер.
Полуматуранти, Ви посакуваме успешно справување со сите предизвици во средношколските денови, чекорете цврсто и сигурно кон успехот!



