За првиот ден на пролетта нашите ученици во координација со нивните одделенски и класни раководители ги насочија своите вешти раце кон разубавување на своите училници. Украсени прозорци, врати, ѕидови со разнобојни цртежи и декорации во духот на пролетта може да се забележат низ училиштето.
Покрај горенаведените активности, активот на второ одделение подготвија презентација за подигнување на свеста за екологијата, првачињата изработија разни честитки, а учениците од трето Б ни подготвија и рецитал на песничка за пролетта.



