Презентација за „Европска жива библиотека“

Денес на учениците од IX А одделение им беше презентиран проектот “Европска жива библиотека” во кој се имплементирани шест држави: Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Шпанија.
Темите за испитувањето се дискриминација и толеранција, а испитаниците кои учествувале во проектот се поделени во 4 категории: млади лица, жени, мигранти и возрасни лица над 65 години. Презентер беше господинот Зоран Велков кој им ги објасни и претстави на учениците актуелните теми.