ПРЕДИЗВИК #5 – ИЗРАБОТКИ СО ОТПЕЧАТОК ОД ДЛАНКА И ПРСТ

Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.
Предизвик бр.5
Денес ќе Ве мотивираме да изработите многу шарени и волшебни изработки со отпечаток од дланка или отпечаток од прст. За оваа активност ќе Ви биде потребно бел лист хартија, водени или темперни боици, четка и многуу фантазија и креативност.
На следниве линкови може да погледнете како се изработува отпечаток со дланка и отпечаток со прст
https://www.youtube.com/watch?v=geu2fuCAeRI
https://www.youtube.com/watch?v=ikQhvzOP7hg
https://www.youtube.com/watch?v=kjCzlpDVtUw

Ќе има натпревар во две категории
– Најубава изработка со отпечаток од дланка
– Најубава изработка со отпечаток од прст

Фотографија од својата изработка испратете ни на facebook профилот на училиштето ООУ” Свети Климент Охридски” – Бутел во messenger.

За да добиете повеќе идеи погледнете ги изработките дадени на сликите подолу.
СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!