ПРЕДИЗВИК #2 – НАЈУБАВ ЦРТЕЖ СО ДЛАНКА и НАЈУБАВ ЦРТЕЖ СО ПОМОШ НА БУКВИ И БРОЕВИ

Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.

Денес е вториот предизвик:

-Ќе има натпревар во две категории:

1. Најубав цртеж нацртан со помош на дланка

2. Најубав цртеж нацртан со помош на броеви и букви

Откако ќе се одлучите кој цртеж ќе го цртате, земете еден бел лист харија и дрвени боици.

Нацртајте го цртежот и обојте го.Потоа фотографирајте го цртежот и фотографијата испратете ја на facebook профилот на училиштето ООУ” Свети Климент Охридски” – Бутел во messenger.

                                 СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!

Драги ученици,погледнете ги идеите за изработка на цртеж:

  1. Како да нацртате цртеж со помош на букви и броеви

2. Како да нацртате цртеж со помош на својата дланка