ПРЕДИЗВИК #14 – МОДЕЛИРАЊЕ

Ученици денес ќе се посветиме на моделирањето. За вашата изработка можете да користите пластелин, глина или тесто, но доколку дома ги немате овие работи, ние ќе ви дадеме еден рецепт за да си направите домашен пластелин. Доколку го правите домашниот пластелин ве молиме да побарате помош од родителите.
Состојки
2 чаши брашно
2 чаши вода
1 чаша сол
1 лажица масло
2 лажици лимонтус
Чашата е од 200 мл.
-Во еден сад измерете ги сувите состојки и измешајте ги.
Во тенџере одмерете ја водата, додадете го маслото и во него истурете ги сувите состојки и мешајте за да се соедини и да се добие кашеста смеса без грутчиња.
-Сега вклучете го шпоретот и на тивко варете ја смесата, ќе почне да се згуснува – мешањето ќе стане отежнато. Готово е кога ќе видете дека се формирало тесто од кое кога ќе откинете парче на раката ќе си осетите дека е погодно работа.
Тргнете и истурете го на работната површина – продолжете да го месите за да целото тесто стане изедначено.
-Поделете го на четири дела и направете топчиња од секој дел. На средината на секое топче со палецот направете вдлабнатина и ставете од бојата која сте ја избрале. Продолжете да го месите топчето се додека целосно тестото не се обои. Исто така постапете и со останатите три топчиња тесто.
Пластелинот е готов.

Денес е 22 Април , ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

На следниот линк може да прочитате повеќе за одбележувањето на овој ден.

http://www.mkdsumi.com.mk/aktuelnosti.php?a=61&page=1

Сите знаеме дека мора да ја чуваме животната средина како за нас така и за животните. На денешниот предизвик ќе го изработуваме токму тоа. Планетата Земја и животните.

Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат и дадат насоки како да почнете, а погледнете ја и подолу галеријата со слики:

https://www.youtube.com/watch?v=8ecKAQpbqYA
https://www.youtube.com/watch?v=ocAc–CQdPw
https://www.youtube.com/watch?v=dxuv0fv_eXk

Ги очекуваме вашите фотографии од изработките на facebook профилот на училиштето во messenger.
Ајде уште еднаш да видиме кој ќе има најубава изработка?
Со среќа!!!