ПРЕДИЗВИК #13 – ВИНОЖИТО

Драги ученици дали знаете што е божилак? Ако не го знаете одговорот на ова прашање, слушнете ја песничката на следниов линк и веднаш ќе Ви биде јасно што е божилак.

Откако ја слушнавте песничката сигурно ви стана јасно дека божилак е виножито.Виножитото се нарекува и ѕуница, божило.

Виножито, божилак, ѕуница или божило е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд. Виножитото се состои од 7 бои. Тоа се боите: црвена, портокалова, жолта, зелена,сина, модра и виолетова.

Вие драги ученици сигурно сте цртале и боеле виножито, но дали некогаш сте се обиделе да нацртате виножито со помош на чешел?

Предизвик бр 13

Цртање виножито со помош на чешел
За оваа активност ќе ви биде потребно темперни бои, чешел,лист хартија.
Боите треба да ги нанесувате директно на листот хартија во вид на капки. Прва нанесете ја бојата на јагодата,втора нанесете ја бојата на портокалот, трета нанесете ја бојата на сонцето, четврта е бојата на тревата, петта нанесете ја бојата на небото, шеста е бојата на индиго и седма е бојата на јоргованот. Откако ќе ги нанесете боите почнете да ја развлекувате бојата со помош на чешел.
Во галеријата со слики подолу може да погледнете како изгледа постапката , но Вие ученици нанесувајте ги боите според редоследот што ви го наведовме

Откако ќе го изработите своето виножито, фотографирајте го и фотографијата испратете ни ја на facebook профилот на училиштето ООУ “Св Климент Охридски “– Бутел во messenger,а ние ќе одлучиме кој изработил најубаво виножито.

СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!!!!!!