Додека сме дома многу е лесно деновите да почнат да личат еден на друг. Затоа во наредните 15 дена ве предизвикуваме да се приклучите на иницијативата #УчимеДома. Секој ден ќе објавуваме по еден интересен предизвик- идеја за забавна активност која можете да ја направите дома, а која ќе ви помогне да научите нешто ново, да ја развиете креативноста и поврзување со децата.
Денес е предизвикот бр. 11
Предизвикот за денес ќе биде да изработите честитка за христијанскиот празник Велигден.
Денешниот предизвик ќе го започнеме со погодување на една македонска народна гатанка
-Ѕид ѕидосано, вар варосано, нигде ѕирка ни проѕирка?
Сигурно многу Ви беше лесно да го погодите одговорот на гатанката.
Одговорот на гатанката е ЈАЈЦЕ.
На кој христијански празник Ве асоцира ова јајце од сликичката? Ова црвено бојадисано јајце е симбол за христијанскиот празник ВЕЛИГДЕН.
Ајде на следниов линк да ја слушнете песничката за празникот Велигден.
https://www.youtube.com/watch?v=Em2ra4yfsTA
Во оваа песничка се пее за големиот христијански празник Велигден. Велигден е еден од најубавите и најважни христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат.На овој празник се бојадисуваат јајца во разни бои бидејќи јајцето е симбол за нов живот. Луѓето меѓу себе си го честитаат овој празник.
Вие драги ученици може да им го честитате празникот на своите блиски со велигденска честитка.
Предизвикот за денес ќе биде да изработите честитка за празникот Велигден. За оваа активност ќе Ви бидат потребни листови хартија во боја, ножички,лепак и многуу креативност.
На следниве линкови може да погледнете интересни идеи за изработка на честитка за празникот Велигден.
https://www.youtube.com/watch?v=s_gwArY5qNs
https://www.youtube.com/watch?v=RfnyhzmFw5g
https://www.youtube.com/watch?v=MbU1argNlgA
Погледнете подолу во галеријата со слики, каде може да видите неколку идеи за изработка на велигденска честитка.
Откако ќе ја изработите својата честитка, фотографирајте ја и фотографијата испратете ни ја на facebook профилот на училиштето ООУ “Св Климент Охридски” – Бутел во messenger, а ние ќе ја одбереме најубаво изработената честитка.
СРЕЌНО!!!!!!!!!!!!






