На општинските натпревари во одбојка организирани од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, нашите ученици од шесто и седмо одделение го освоија првото место со што остварија пласман на регионалните натпревари.
Натпреварите се одиграа во ООУ „Панајот Гиновски“, а учениците беа придружени од наставниците по ФЗО Изабела Апостолоска и Виолета Николова.



